Таравари ги посети повредените патници во 8-ми Септември

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вечерва ги посети повредените пацинети кои се сместени во болницата 8 ми Септември.

„Повеќето од пациентите се во добра состојба, само двајца од нив во моментов се во критична состојба. Некој од пациентите се многу добро и се надевам за брзо време ќе бидат пуштени на домашно лекување,“ изјави Таравари.

Општината и Советот ќе разговараат и ќе видиме како можеме да помогнеме и да излеземе во пресрет на семејствата, посочи Таравари додавајќи дека ова е најлошата несреќа досега.

Утринава пак на комеморативната седница за загинатите во сообраќајната несераќа, Таравари изрази надеж дека граѓаните ќе извлечат поука од оваа трагедија дека треба да живееме и да се почитуваме едни со други. Тој изрази и благодарност до државните и приватните институции и селаните, што помогнале во моментот.

„Денес е ден на жалост, им се искажува почит на загинатите. Мое длабоко сочуство до семејството. Ова досега е најтежок говор. 14 човечки животи, 14 прекинати приказни. Тие се враќаа дома во нашиот Гостивар, но не било пишано. Тоа е божјата волја“, рече Таравари и додаде дека ова е еден од најстрашните моменти во историјата на градот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски