Претседателот Иванов во посета на семејства на загинатите во автобуската несреќа

Од:

Претседателот, Ѓорге Иванов, денеска во Гостивар ги посети семејствата Узеири, Трпевски и Исмаили, чиишто членови се меѓу загинатите патници во вчерашната автобуска несреќа, што се случи на патот Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци.

Како што информираат од неговиот кабинет, македонскиот претседател на семејствата и на блиските на загинатите им изразил најдлабоко сочувство за претрпената загуба.

Претходно, во општина Гостивар, Иванов присуствуваше и се обрати на комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во вчерашната тешка сообраќајна несреќа.

„Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава“, порача претседателот во своето обраќање.

Во својот говор тој додаде дека во моментите на тага, треба тагата да ја споделуваме и да помислуваме на живите, односно како на најблиските да им се помогне да ги пребродат најтешките моменти во нивниот живот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски