(ВИДЕО) Заев: Многу брзо ќе има информации за тоа што всушност се случило со автобусот

Од:

Премиерот Зоран Заев по посетата на повредените во сообраќајната несреќа извести дека истрагата за настанот е во тек, а сериозни информации се очекуваат од возачот. Најави дека со јавноста ќе бидат поделени откако ќе се заокружи истрагата.

„Вчера истрагата почна. Јас информациите ги знам од министерот за внатрешни работи. Под раководство на надлежен јавен обвинител заедно со полициските служби беше направен увидот на лице место со сите техникалии поврзани со тоа. Возачот беше во свесна состојба, уште вчера се направени разговори со него. Веројатно заради начинот на пристап во истрагата оставено е преспивање па ќе продолжат разговорите. Претпоставувам дека возачот е лицето кое што може да даде сериозни информации, но и самите повредени. Откако ќе помине првиот бран на главниот аспект, а тоа е грижата за здравјето на сите, веројатно истрагата продолжува, штом ќе ги заокружат сите неопходни информации, ќе ги споделат со јавноста. Знам дека не само семејствата на загинатите и повредените, туку и сите ние граѓаните сакаме информации за тоа што всушност се случило и верувам дека тоа ќе се случи многу брзо“ рече премиерот Заев.

Во автобуската несреќа вчера попладне загинаа 14 патници кога автобус на „Дурмо турс“ на пат кон Гостивар излета од автопатот и се преврти во близина на селото Ласкарци. Од повредените патници 37 се задржани на лекување, а седум од нив се во критична состојба. Во автобусот, се уште неофицијално, иамо 51 патник.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница