(ВИДЕО) Таравари на комеморацијата по несреќата: Ова е најтешкиот говор во мојот живот

Од:

Болката останува кај сите нас. Тешко е да се контролира, особено за мајките, татковците и роднините, рече денска на комеморативната седница за сагинатите во сообраќајната несераќа, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој изрази надеж дека граѓаните ќе извлечат поука од оваа трагедија дека треба да живееме и да се почитуваме едни со други.

„Се надеваме дека загинатите се на подобро место, во рацете на господ. Дај боже никогаш да не се повтори. Животот е краток. Се надевам дека тие се поблиску до господ“, истакна гостиварскиот градоначалник на комеморативната седница.

Тој изрази влагодарност до државните и приватните институции и селаните, што помогнале во моментот.

„Денес е ден на жалост, им се искажува почит на загинатите. Мое длабоко сочуство до семејството. Ова досега е најтежок говор. 14 човечки животи, 14 прекинати приказни. Тие се враќаа дома во нашиот Гостивар, но не било пишано. Тоа е божјата волја“, рече Таравари и додаде дека ова е еден од најстрашните моменти во историјата на градот.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски