Тринаесет геј двојки ја тужат Јапонија

Од:

Тринаесет геј двојки во исто време поднесоа обвиненија против Јапонија и тоа токму на Денот на вљубените – 14 февруари.

Повеќето од двојките браковите ги склучиле во други земји.

Во своите образложенија, оштетените тврдат дека Јапонија ги повредува нивните уставни права, оти не им ги признава браковите. Тие бараат само симболична отштета.

Јапонија е единствената држава во Г-7, во која истополовите бракови не се дозволени. Испитувањата на јавното мислење пак, посочуваат дека Јапонците го поддржуваат легализирањето геј бракови.

Ако оштетените го добијат случајот, тоа ќе значи голем чекор во остварувањата на правата што ги бараат геј заедниците во Јапонија.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови