Форум „(Не)Достапни податоци за мерење на пристапот до правда“

Од:

Коалицијата „Маргини“ во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, денеска во „Холидеј ин“ ќе одржи Национален форум за презентирање на извештајот за имплементирање на одржливата развојна цел на Обединетите Нации насловен „Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“.

На форумот ќе бидат презентирани главните наоди од извештај за состојбите со владеењето на правото и пристапот до правда во нашата земја што бил подготвен минатата година.

Форумот се одржува со финансиска поддршка на фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), а најавено е присуство на претставници од институциите, граѓанските организации и меѓународните организации кои работат на ова поле.

– Целите за одржлив развој (SDG’s) претставуваат глобален повик за акција на ОН за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина, заштита на животната средина и да се овозможи луѓето да уживаат еднаквост мир и правда. Притоа, целта за пристапот до правда е препознаена како посебна одржлива развојна цел, чија имплементација директно придонесува за економскиот развој на општеството, истакнуваат од „Маргини“.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on