Меркел и Бетел: Да се направи сè за Брегзит со договор

Од:

Германската канцеларка Ангела Mеркел изјави денеска дека ќе направи сè што може за да се постигне „чист“ Брегзит пред крајниот рок на 29 март. Сепак, таа дополни дека таквиот договор мора да биде фер и да функционира во пракса.

– Се согласуваме дека треба да направиме сè за Брегзит со договор, изјави Меркел на прес-конференцијата со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел.

– Станува збор за најголема можна безбедност и обајцата чувствуваме должност да сториме сè за договор, истакна германската канцеларка.

Бетел ја отфрли можноста за повторно преговарање за договор со Велика Британија.

– Не е можно да се пронајде подобро решение. Приоритет е да се почитува интегритетот на внатрешниот пазар на ЕУ и да се минимализираат ефектите од Брегзит врз граѓаните, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“