Наумче Мојсоски потврди дека е на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Ракометарот Наумче Мојоски за А1 потврди дека бил на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, но дека до денеска не знаел за тоа.

Пред два месеци имавме некои разговори со нив, но дека ме ставиле на листа воопшто не знаев. За тоа разбрав дури денеска, не знаев дури тогаш дека сум на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга. Јас со лична карта сум регистриран во Скопје иако во избирачки список се водам се уште во Струга и не знам зошто тоа не е сменето, рече Мојсоски.

Мојсоски на прашањето дали смета дека сакаат неговото име да го искористат за повеќе гласови и дали ова е маркетиншки во полза на владеачката партија одговори:

Не знам што да ви кажам. Па да така некако, одговори Мојсоски за А1.

Мојсоски за А1 рече и дека во разговор со тие што го ставиле на листа им кажал дека не може да се откаже од жителството во Скопје, ниту да остане на листата, зашто тогаш ќе мора да се откаже и од ракометот.

Претходно, за А1 од ВМРО-ДПМНЕ во Струга изјавија дека Мојсоски е втор на советничката листа за Струга, но дека конечната одлука треба да се донесе во Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ во Струга изјавија-знаат Мојсоски дека има лична карта од Скопје, но дека сеуште се наоѓа на избирачкиот список во Струга.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ