Бошњаковски: Ако се утврди протекционизам при вработувањата, ќе се реагира

Од:

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека откако ќе биде направена анализата околу актуелните вработувања на лица блиски на функционери и пратеници, доколку се покаже дека има форми на протекционизам, тогаш ќе се реагира.

„Процесот е почнат и ние сакаме да заврши што побрзо, за да ја информираме јавноста. Премиерот беше прилично јасен – правиме проценка и кога ќе се направи таа анализа секаде каде ќе се утврди дека има форми на протекционизам, ќе се терминираат тие работни позиции“, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека актуелните вработувања во државни и општински институции на лица блиски на функционери и пратеници ќе бидат разгледани и доколку бидат утврдени неправилности, ќе биде побарана одговорност.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места