Картер го престигна Бирд на вечната листа

Од:

Синоќа Далас Маверикс го совлада Сакраменто Кингс, со резултат 123-100, а Винс Картер потсети на своите најдобри денови.

За 22 минути поминати на паркетот Картер, имаше одличен процент на удар од игра, каде погоди 9 од 15 удари од кои 6 од 9 зад линија 7,24.

Картер со своите 26 поени од синоќешниот натпревар го престигна на вечната листа поранешниот играчот на Селтикс, Лари Бирд.

Бирд во својата кариера има постигнато 21.791 поен, додека Картер сега има 21.796 поени и се наоѓа на 29-та позиција. Многу е извесно дека Картер ќе го помине и Гери Пајтон, кој има постигнато 21.813 поени, а не е далеку ниту од Клајд Дрекслер со 22.195 поени.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он