Над сто жртви се регистрирани жртви на илегалната трговија со луѓе од 2002 до 2012 година во Хрватска, а поголемиот број биле подложени на сексуално матретирање и принудна работа, беше истакнато на презентацијата на проектот за идентификација и заштита на жртвите од трговијата со луѓе во Саборот.
Од вкупно 116 регистрирани жртви, 58 се хрватски државјани. Во повеќето случаи тие биле искористувани во границите на Хрватска, а понекогаш и во Италија и во Шпанија.
Во последните четири години жртви на трговијата со луѓе главно биле граѓани на Босна и Херцеговина и Србија, но регистрирани се и неколку романски, бугарски и молдавски државјани.
Само минатата година во Хрватска регистрирани се 11 случаи на трговијата со луѓе.
Целта на шестмесечниот проект, финансиран од фондовите на Европската унија е да се зголемат капацитетите за борба против трговијата со луѓе и истражување на врските меѓу принудната проституција, принудната работа и трговијата со луѓе.