Се сретнаа Груевски и Ховит

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска оствари средба со известувачот на Европскиот парламент за Република Македонија, Ричард Ховит.

На средбата, информираат од Владината прес служба, стана збор за европските интеграции на Република Македонија. Соговорниците го истакнаа задоволството од високите оценки кои беа констатирани во последниот извештај за напредокот на Република Македонија подготвен од Европската комисија со кој се вреднуваа резултатите од реформите кој ги спроведе македонската Влада.

Премиерот Груевски истакна дека Владата и сите нејзини членови се силно фокусирани на спроведувањето на реформите во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво и дека постои напредок во реализацијата на владиниот акциски план за достигнување на европските стандарди. Премиерот се заблагодари на посветеноста и на личниот ангажман на европратеникот Ховит во поддршката на реализацијата на македонските стратешки определби и изрази благодарност за улогата на Европскиот парламент и придонесот кој се дава за промоција на државните и национални интереси.

Премиерот Груевски ја истакна и посветеноста на нашата држава за унапредување на добрососедските односи и надминување на предизвиците на евро интегративниот пат.
Европратеникот Ховит истакна дека Европскиот парламент ќе продолжи да дава поддршка за реализацијата на европската агенда на Република Македонија. Тој даде поддршка на реформите кој се спроведуваат чија цел е унапредување на состојбите во сите општествени сфери.

Премиерот Груевски ги истакна пред соговорникот иницијативите кои досега беа преземени за надминување на актуелната политичка состојба чија цел е возобновување на дијалогот во рамките на институциите на системот со акцент на последниот предлог пакет мерки кој беше презентиран во јавноста во текот на оваа недела.

Соговорниците изразија согласност дека сите политички субјекти треба одговорно да се однесуваат во реализација на европската агенда на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он