А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Викторија Нуланд на местото на Филип Гордон

by А1он14/02/2013 - 18:07159
Share0

Од рокадите кои се планираат во американскиот Стејт департмент по заминувањето на државниот секретар Хилари Клинтон, за Македонија најзначајно е очекуваното заминување на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон, чиј ресор е задолжен и за Македонија.

Добивај вести на вибер

Вашингтон пост објави дека Гордон веројатно ќе биде преместен во Советот за национална безбедност на претседателот, отворајќи простор за новиот државен секретар Џон Кери да донесе поблизок помошник.

Една од можните замени на Гордон е портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд, која добро ја познава Македонија и работеше со нашата земја како поранешен американски амбасадор во НАТО во времето на самитот во Букурешт. Нуланд е омилен дипломат во Стејт департментот, и високо котира независно од тоа дали републиканците или демократите се на власт.

Во времето на државниот секретар Медлин Олбрајт, таа беше шеф на кабинетот на заменикот државен секретар Строуб Талбот. По доаѓањето на претседателот Џорџ В. Буш на власт, Нуланд го советуваше потпретседателот Дик Чејни, за од 2005 година да биде именувана за амбасадор во НАТО.

Викторија Нуланд е сопруга на Роберт Каган, еден од најпознатите нео-конзервативни теоретичари на идејата за агресивно ширење на демократијата низ светот и син на познатиот историчан на античка Грција Доналд Каган. На портпаролското место на Викторија Нуланд се очекува да дојде Џен Псаки, портпаролка во Белата куќа и во изборниот штаб на Обама, која порано работела и за Џон Кери.

Иво Даалдер, амбасадорот на САД во НАТО, ќе застане на чело на Чикаго Советот за глобални прашања, 90 години стар тинк тенк посветен на активната улога на САД во светот и борбата против тенденциите за изолационизам во земјата. Овој тинк тенк доби значително повисоко влијание со минатогодишниот самит на НАТО во базата на претседателот Барак Обама во Чикаго.

sad

Би можело да ве интересира

Данска по состанокот со САД: „Не се согласуваме“, земјите од ЕУ испраќаат војници во Гренланд

Горан Наумовски14/01/2026 - 21:20

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

Горан Наумовски14/01/2026 - 20:54

САД испрати воени бродови и подморници кон Блискиот Исток

Горан Наумовски14/01/2026 - 20:43

„Вашингтон пост“: Пентагон се плаши од иранска одмазда

Горан Наумовски14/01/2026 - 18:22

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Горан Наумовски11/01/2026 - 22:04

Баро: САД да престанат да ја уценуваат Данска за Гренланд

Горан Наумовски11/01/2026 - 22:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен