Албанската парламентарна комисија за надворешна политика го поддржа Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Од:

Комисијата за надворешна политика на албанскиот Парламент денеска едногласно го поддржа Протоколот за членство на Македонија во северноатлантската Алијанса.

„Во широка консензуална атмосфера, членовите од владеачкото мнозинство и од опозицијата дадоа зелено светло за пристапот на соседна и пријателска Република Северна Македонија во НАТО“, наведуваат албанските медиуми.

Вчера и законодавната парламентарна комисија на албанскиот Парламент едногласно го подржа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

По поддршката од страна на двете парламентарни комисии, в четвроток (14 февуари) на седница на албанскиот законодавен дом најавено е Протоколот да биде ратификуван, со што Албанија ќе биде меѓу првите земји кои го направиле тоа.

На седницата,според агенцијата Балкан веб ќе присуствува и спикерот на македонскиот Парламент, Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници