Гостивар го одбележува „Денот без автомобили“, градоначалникот и општинските службеници пешки отидоа на работа

Од:

На иницијатива на градоначалникот Арбен Таравари, Општина Гостивар во соработка со Полициската станица и невладините организации денес ја спроведува активноста „Ден без автомобили“, чија цел е подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот во животната средина.

Во рамките на оваа активност од 12:00 до 15:00 беше прекинат сообраќајот во централниот дел на градот, додека градоначалникот и општинските службеници денес на работа отидоа пешки.

Во изјавата до медиумите, градоначалникот Арбен Таравари истакна дека целта на оваа активност е намалување на загадувањето на воздухот како една од главните цели за овој четиригодишен мандат.

„Останувам посветен на остварување на трите поставени цели за овој мандат, односно намалување на загадувањето на воздухот, решавање на проблемот со регионалната депонија и филтрирана вода за пиење. Во однос на загадениот воздух, нашите инспектори се активни на терен и во делот каде што Општина Гостивар има овластувања, се е во ред. Воедно, подготвуваме акционен план против аерозагадувањето, при што ќе ги вклучиме и невладините организации чија што активност е насочена кон заштита на животната средина. Истовремено, сме аплицирале во прекуграничен проект со една албанска општина за воведување на градски превоз во Гостивар и се надеваме дека истиот ќе ни се одобри, што значително ќе го намали аерозагадувањето“, истакна градоначалникот Таравари.

Тој подвлече дека иако имаме загаден воздух во одредени периоди од годината, како што беше случајот особено во јануари, Гостивар не е на врвот на листата на најзагадени градови на ниво на земјата.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија