Во понеделник Атина ќе испрати Вербална Нота до Скопје

Од:

Вербална нота што ќе информира дека Грција го ратификуваше и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, во понеделник ќе испрати Атина до Скопје, според алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, ги објаснува следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа.

– Во понеделник ќе биде испратена Вербална нота што ќе информира за ратификацијата на договорот и во продолжение Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име. И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено, објаснува Катругалос, за грчката новинска агенција, пренесе МИА.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија за АНА-МПА, на прашањето дали од следната седмица соседната земја ќе биде обврзана да го користи новото име, одговара позитивно и додава дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната