Јакуповиќ: Да ја спасиме честа на НУ Турски театар, поради партиски игри секогаш системот ме отфрлал

Од:

Актерот Един Јакуповиќ преку отворено писмо да македонската јавност бара да се стави крај на како што наведе, режимот и да му се даде достојна шанса на НУ Турски театар Скопје да продолжи да живее и да создава. „Од дното на душата ве замолувам да опстанете и да ми помогнете да ја спасам честа на НУ Турски театар Скопје“, напиша Јакуповиќ во своето писмо.

„Иако сум невработен во истата институција, поради партиски игри секогаш системот ме отфрлал, поради својата природна одлука да застанам „карши карши” со режимот.

Од една страна режемски поданици од друга страна јас.

Успеавме паднаа, но набргу истите режимски поданици се насукаа во новата власт! Сега повторно му ја кројат истата судбина на НУ Турски театар Скопје.

НУ Турски театар со 70 годишна традиција на постоење, речеси еден од нај наградените театри во државата и репрезент на македонската култура и уметност низ европа и светот, сега е на маргините на сопственото преживување!

Режимските поданици, правеа популистички мерки но го оставија турски театар без технички кадар. Програмата ја симнаа од од 4 на 3 театарски претстави и на ниту едно уметничко вработување. По падот на режимот првиот назначен ВД директор успеа за 12 месеци да врати 80% од техничкиот кадар на редовно неограничено работно време без кој театарот не можеше да функционира, да оствари бројни гостувања надвор од државата, еминентни фестивали, барања за нови вработувања, повеќе тетарски проекти активирање на млади уметници и секако најдрагиот детал да ја врати театарска публика во НУ Турски театар Скопје.

Но за жал, повторниот живот на некој очигледно премногу му пречи па реши на брзина да направи серија на бројни притисоци закани и уцени па сите го знаете настанот кој оддекна во тој период кога ВД директорот поради овие причини реши да поднесе неотповиклива оставка, веднаш другите режимски поданици успеаа да увезат повторно друг режимски поданик кој не го интересира институцијата, туку само уништување на истата институција!

Оваа година театарот доби само 1 проект и не успеа да ја реализира годишната програма, нив ги интересираше само реваншизам и лечење на сопствените хирови, му нанесоа непоправлива штета на театарот!

Во оваа институција има плеада на одлични млади веќе искусни актери кои заслужуваат да бидат на пиедесталот на театарската уметност, заслужуваат да бидат лидери, а не аутсајдери во уметноста.

Ги прашувам јавно членовите на комисијата, дали воопшто не се засрамивте кога го направивте овој културен злочин!? Почитувани, медиуми, театарски работници, обожаватели на театарот и уметноста, ве замолувам и ве повикувам да ми помогнете, мојот крик со ваша помош да допре до таму каде што треба и неправдата нанесена кон НУ Турски театар да биде исправена ВЕДНАШ, а со тоа да му се даде достојна шанса на театарот да продолжи да живее и да создава“, пишува актерот Јакуповиќ во своето писмо.

Би можело да ве интересира

Проофесори од средното уметничко училиште во отворено писмо до Царовска: Разрешете го директорот

Фирми формирани два дена пред конкурсот во изборот за доделување пари од култура

Сандра Бошковска