Грчкиот парламент го ратификуваше Протоколот за влез на Македонија во НАТО

Од:

Со 153 гласа „за“, 140 „против“ и еден воздржан, Парламентот на Грција, денеска, по речиси 11-часовна расправа го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО.

Вкупно гласаа 294 пратеници, а освен сите 145 членови на СИРИЗА, односно целата пратеничка група, „за“ гласаа и осумте пратеници кои го поддржаа и Договорот од Преспа.

Со прозивање, сите 300 пратеници требаше да кажат дали гласаат „за“, „против“ или „воздржано“.

На гласањето му претходеа обраќања на пратениците и лидерите на политичките партии, но и на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Историјата ќе ни суди”, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас, бранејќи го Договорот од Преспа на долгата расправа во грчкиот рарламент која заврши со ратификација на Протоколот со кој и се овозможува на земјава да стане дел од НАТО под името „Северна Македонија”.

Седницата започна со барањето на партиите Златна Зора и Независни Грци да се зголеми мнозинството потребно за ратификување на документот од 151 на 180 пратеници, или во спротивно, според нив, одлуката би била неуставна бидејки со неа се отстапувале суверените права на грчката држава.

Барањето беше одбиено, а пратенците од Сириза потсетија дека вакви прашања не беа покренувани кога се ратификуваа протоколите за пристапување на Албанија и Бугарија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната