Се чисти брегот на Вардар

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ исчистија површина од околу 200 метри на левата страна на минор коритото и косините на реката Вардар, кај Визбегово, по пешачкиот мост Газела. Од површината се отстранија 3, 500 метри кубни наноси од мил, земја, песок, исушена трева, вегетација, комунален и градежен отпад, кои се однесени до соодветна локација за одлагање во ЈП „Дрисла“.

Екипите на Градот деновиве рачно и машински ги чистат и косините и коритото на Вардар кај мостот Тодор Александров (поранешен мост Близнак), од страна на паркот Аеродром. Косините се исчистени на површина од околу 1,300 квадратни метри. Машински се собрани околу 2,500 кубни метри наноси на земји, песок, градежен и комунален отпад.

По завршувањето на чистењето на наведените локации, екипите ќе продолжат да го чистат коритото на реката Вардар на потег од објектот на Медијапринт до болницата Систина.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски