Вработените на Медицинскиот факултет при УКИМ ќе добијат за пет отсто поголеми плати

Од:

Вработените на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе добијат пет отсто поголеми плати од јануари 2019, одлучи Владата на вчерашната седница.

„Владата ги задолжи стручните служби на Медицинскиот факултет да направат пресметка и да извршат исплата на платите на сите вработени со полно работно време на Медицинскиот факултет во Скопје, повисока за пет проценти, почнувајќи од јануари 2019 година“, стои во владиното соопштение.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за поголеми плати на работниците

Промоција на монографија за доајени на Медицинскиот факултет во Скопје

Ана Ололовска