Џуфи: Косово ќе ги укине царините, изјавите на Харадинај се недипломатски

Од:

Познатиот албански историчар и поранешен пратеник и дипломат, Пелумб Џуфи изјави дека воведената царина од 100 отсто од страна на косовската Влада за српските призводи ќе биде укината.

Тој ја коментираше и изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, во која меѓу другото на дипломатите на ЕУ им вели дека „Европа го изгубила патот во дворот“, што според Џуфи е недипломатска изјава.

„Тоа е реактивно движење, кое се оправдува со ставот на српската Влада за дизбалансиран однос на релација со Косово, но и во комерцијалната сфера. Некои работи не можат да се вратат назад. Мислам дека оваа реакција даде позитивен ефект, велејќи дека е доста. Дека ќе биде укината воведната царина ќе биде, секако, иако премиерот инсистира со недпломатските изјави“, оцени Џуфи.

И Адри Нурелари, советник на претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Ора њуз“, најави дека е можно многу брзо да биде укината царината од 100 проценти за српските прозводи, воведена во ноември, и оти за тоа постои голем притисок од САД.

Би можело да ве интересира

Бошко Обрадовиќ почна штрајк со глад пред Народното Собрание

А1он

Харадинај: Измамникот Курти и се предаде на Србија

Косово ја укинува таксата кон Србија на 15 март

Aleksandar Dinev

Тачи ја поздрави најавата за отворање авиолинија Приштина – Белград

САД испратија остро писмо до Тачи, Харадинај и Весели

Харадинај: Нема санкција која ќе ме натера да ја укинам таксата на српскиот увоз