Чеферин реизбран за претседател на УЕФА, евроцентралата очекува рекордни приходи

Од:

Александар Чеферин беше реизбран за претседател на УЕФА со нов четиригодишен мандат

Педесет и едно годишниот Словенец беше единствениот кандидат за функцијата за време на годишниот конгрес на централата во Рим и беше утврден на функцијата со одобрение на делегатите на 55-те земји членки на УЕФА.

Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, кога беше назначен на функцијата на местото на Мишел Платини, кој беше отстранет за кршење на етичкиот кодекс на централата. Словенецoт е седмиoт претседател на УЕФА.

Во меѓувреме стана јасно дека Европската фудбалска централа очекува рекордни приходи во сезоната 2019/20.

– Буџетот за сезона 2019/20 ќе биде насочен главно кон европското првенство и тоа ќе ни овозможи да ги зголемиме приходите кои се очекува да бидат рекордни – 5 милијарди и 725 милиони евра. Вкупните приходи на Европското првенство ќе надминуваат 2 милијарди, а на претходното европско во 2016 година беа 1,9 милијарди, изјави финансискиот директор на УЕФА Јозеф Колер.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри