ВИДЕО: Оградата се отстранува, граѓаните ќе одлучат што ќе се прави со железото

Од:

Откако во вторникот на владина седница беше изгласано да се отстрани железната ограда околу Влада, денеска работниците почнаа со вадењето.

Оградата ќе биде ставена во депо, а што ќе се прави со неа ќе одлучи Владата со граѓаните на дебата.

Од Владата велат за отстранувањето не се трошат пари од граѓаните, туку се користат внатрешните ресурси, односно постојаните капацитети на службите во рамки на Владата.

Одлуката за отстранувањето на оградата беше донесена, со цел, како што беше наведно, да се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда, за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.

Отстранувањето на оградата беше најавено уште во предизборието од страна на владејачката СДСМ.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски