Премиера на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт

Од:

„Ангелите и градот“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, која првпат ќе ја изведе Симфонијата бр. 4 „Лос Анџелес“ од современиот естонски композитор Арво Перт.

-„Лос Анџелес“ се смета за едно од најволшебните дела со кое може еден град да се гордее. Таа е духовен портрет на овој т.н. град на ангелите, која поседува раскошна убавина. Композиторот Арво Перт (1935) е еден од најизведуваните живи современи автори кој создаде магија од сплет на класичната и духовната музика, кој ги разби постоечките контури на компонирање видени низ разновидните експерименти на останатите композитори од 20 век, кој направи и разви своја техника наречена „тинтинабули“, кој е силно инспириран од грегоријанските црковни песни и кој на минималистичкиот музички израз му даде нова димензија, наведува Филхармонијата.

Оркестарот ќе го води етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен. Покрај делото на Перт, на концертот ќе бидат изведени и Полка од балетот „Златна доба“ од Дмитриј Шостакович, како и Концерт за мала флејта во Ц-дур од Антонио Вивалди и Концерт за обоа и оркестар во г-мол од Јохан Себастијан Бах, на кој солист ќе биде 19-годишната холандска флејтистка Луси Хорш, која е позната по нејзините врвни изведби на барокна флејта.

-Таа се смета за еден од најистакнатите таленти од нејзината генерација музички уметници која настапува во нејзината матична земја, но бројни се и нејзините интернационални настапи со барокни, како и со современи ансамбли. Оваа концертна сезона таа ќе ги направи своите дебија со Филхармонијата на Хонг Конг, како и со Македонската филхармонија, а заедно со ансамблот Академија за античка музика заминува на турнеја во „Барбикан“ во Лондон, „Музикгебау“ во Амстердам и „Де Доелен“ во Ротердам, соопшти Филхармонијата во најавата на вечерашниот концерт.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска