Трамп го предлага Дејвид Малпас за претседател на Светската банка

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека решил да го предложи потсекретарот за финансии на САД, Дејвид Малпас за нов претседател на Светската Банка.

Како што јави ДПА, 62-годишниот Малапас е ветеран од Берзата на Вослтрит и во минатото извршуваше одговорни функции во неколку републикански администрации.

Малпас е познат како отворен скептик кон мултилатералните меѓународни институции и важи за еден од иницијаторите на „трговската војна“ со царините меѓу САД и Кина.

Тој е поранешен главен економист на некогаш моќната американска инвестициска банка „Беар Стернс“, која пропадна за време на глобалната финансиска криза во 2008 година.

Малпас раководи со американскиот тим во тековните трговски разговори со Кина и следната недела треба да отпатува на преговори во Пекинг.

Тој е познат по своите критики кон Кина, оценувајќи дека кинеската економска политика е во спротивност со пазарните принципи.

Досегашниот претседател на Светската банка, Јужнокореецот Џим Јонг-ким на почетокот на месецов се повлече од функцијата, три години пред истекот на неговиот мандат што требаше да трае до јули 2022 година.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени