Кривична пријава за лице од Екваторска Гвинеја за електронска измама од над 40 илјади евра

Од:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.А.Р.О.(26) од Екваторска Гвинеја, со живеалиште во Шпанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по член 247 став 1 и став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што денеска информира МВР, пријавениот во мај и јуни 2018 година пресретнал електронска комуникација на компанија од Македонија и компанија од Италија и со лажно прикажување и прикривање на факти испратил невалидна фактура со своја банкарска сметка во Шпанија, со што на компанијата од Македонија и нанел штета во износ од 47.953 евра.

Тој, со лажна емаил адреса, во име на директорот на фирмата од Македонија стапил во контакт со италијанската компанија и ја сменил фактурата за наплата, по што испратил и своја банкарска сметка во Шпанија. По преземени мерки и соработка со службите во Италија и Шпанија било утврдено дека на домеинот на фирмата од Македонија било пристапувано од три различни ИП адреси, сопственост на телекомуникациски оператори од САД. Исто така, со заеднички активности било утврдено дека сопственик на сметката во Шпанија е пријавениот К.А.Р.О..

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он