Деветгодишно девојче од село Крушопек, скопско, вчера попладне било удрено од автомобил на патот село Лека – село Крушопек, по што со друго возило е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Автомобилот, управуван од непознат возач, веднаш по несреќата го напуштил местото.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.