Трамп за ИНФ: Можен е нов договор, со нови чинители

Од:

САД се подготвени да ја разгледаат можноста за потпишување договор, кој ќе го замени Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) и тоа со поголем број чинители, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во говорот за состојбата на нацијата.

„Можеби можеме да преговараме за поинаков договор, додавајќи ја Кина и други. Или можеби не можеме. Во тој случај, многу ќе ги надминеме другите во трошење и иновации“, рече Трамп.

Вашингтон во понеделникот објави дека за шест месеци целосно ќе се повлечат од договорот ИНФ, постигнат во 1987 година со тогашниот Советски сојуз, доколку Москва не престане со кршење на договорот.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски