Османи: Се наоѓаме во финишот на еден долг маратон и сега немаме право на грешка

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи беше домаќин на делегациите на Република Ирска и Република Финска кои се во работна посета на земјава.

Во рамките на посетата, Османи оствари средба со двете делегации предводени од Државната министерка за европски прашања на Република Ирска, Хелен Мекенти, како и Државниот Секретар при Министерството за надворешни работи на Финска, Самули Виртанен.

„Ирска и Финска се веќе запишани во позитивен контекст во нашата евроинтегративна историја, имајќи предвид дека во 2004 година, токму под ирското претседателство, Македонија ја поднесе кандидатурата за членство во Европската Унија, а во 2005 година, земјава се стекна со кандидатски статус под мандатот на тогашниот Комесар за проширување Оли Рен, кој доаѓа од Финска,“ истакна Османи на средбата, заблагодарувајќи се притоа на севкупната поддршка на двете земји, особено на придонесот на Финска во задржувањето на фокусот на проширувањето на Унијата, како земја – следен претседавач со Европскиот совет и дел од ЕУ претседателската тројка.

„А тоа, освен што говори во позитивен контекст за двете земји, зборува и за должината на нашиот маратон, кој навистина трае предолго, и токму затоа, сега кога сме при самиот финиш, оваа шанса немаме право да ја пропуштиме,“ истакна Османи, посочувајќи на напредокот во имплементацијата на реформите од Планот 18, како и од подготвеноста на земјава да испорача резлутат за уште една чиста препорака со позитивен извештај од страна на Европската Комисија, која Османи очекува да резултира и со конфирмација на одлуката за преговори од страна на Европскиот совет во јуни.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка