Долгогодишната соработка и настап на интернационалната саемска манифестација “East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibitio-EMITT” резултираше со уште една награда за Агенцијата за туризам. Репрезентативниот штанд на Македонија во организација на Агенцијата и отворениот пристап на македонските претставници значи почитување на македонско–турското пријателство и зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу двете земји.
Наградата значи мотивација за Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и приватниот сектор од Македонија, во насока на зацврстување на позициите на турскиот турстички пазар и збогатување на турстичките содржини, со што би го зголемиле кавлитетот и ноќевањата на турските туристи.
Директорот Љупчо Јаневски потенцираше дека бројот од 135.000 турски туристи годишно го наметнува интересот и потребата за отворање на нови авио линии за поврзување на Охрид и Скопје со Анкара, Измир и Истанбул. Ова би резултирало со зголемување на бројот на турски туристи и остварени ноќевања, како и раст на локалната економија по основ туризам.
ЕМИТТ го поврзува Истокот и Западот и претставува мост за туристичка размена, со што се овозможува зајакнување на врските со странските пазари, склучување на нови договори и партнерства, во насока на постигнување на бизнис целите. Македонија и оваа година беше дел од настанот заедно со повеќе од 1000 изложувачи, од 85 земји, со над 55 000 посетители.