Хидает Туркоглу, турскиот кошаркарски репрезентативец и играч на НБА тимот Орландо Меџик доби забрана за настап на 20 натпревари поради користење на недозволени стимулативни средства.
Во соопштението на НБА стои дека Туркоглу бил позитивен на метенолон, супстанција забранета во најсилната светска клупска кошаркарска лига.
Туркоглу казната почне да ја одработува од ноќешниот дуелот на Орландо со Атланта, а за пропуштените натпревари тој нема да добива ниту плата од неговиот клуб.