Венецуела ќе ги преиспита односите со земјите членки на ЕУ

Од:

Владата на Венецуела  најави дека ќе ги преиспита билатералните односи со земјите членки на Европска Унија, кои го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на земјата.

„Најсилно се отфрлаат одлуките на некои европски влади, кои официјално се покорија на стратегијата на администрацијата на САД да го соборат од власт легитимниот претседател Николас Мадуро“, се наведува во соопштението на венецуелската Влада.

Досега 11 земји членки на ЕУ го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Претходно, Италија го блокираше нацрт соопштението на ЕУ во кое се наведува дека сите земји членки на Унијата ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Спротиставувањето на Италија спречи да се донесе единствен став на ЕУ за Венецуела.

ЕУ му дадоа рок, што истече на полноќ, на Мадуро да распише нови претседателски избори, во спротивно ќе го признаат опозиционерот Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател додека тој не организира нови избори.

Мадуро вчера го одби ултиматумот на ЕУ.

Европскиот Парламент исто така минатиот петок го призна опозиционерот Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

САД го признаваат противникот на Мадуро за победник на изборите во Венецуела

Мадуро: Илон Маск е непријател на Венецуела

Путин му ја честиташе победата на Мадуро: Секогаш сте добредојден гостин во Русија

Венецуела: Уапсен активист за наводна вмешаност во обид за атентат врз Мадуро