(ВИДЕО) Анкета: НАТО не е волшебно стапче за да ни го смени животот

Од:

Да се намали сиромаштијата, невработеноста и младите да престанат да се иселуваат се реалните проблеми со кои се соочува државата, а НАТО тоа не може да ни го реши, сметаат дел од граѓаните кои зборуваа во анкетата на „А1он“ на прашањето што ќе се промени во државата по влезот во Алијансата. Еве дел од мислењата на граѓаните:

„Ништо нема да се смени. НАТО нема вошебно стапче, па одеданш да ни промени се, да ни ги реши сите проблеми, тоа се само измислени приказни“

“Очекувањата се големи. Би требало да има повеќе работа за нас младите. Да имаме исти услови и права како што ги имаат европските граѓани.“

„Сите сме засегнати од политиката и од оваа прашање. Но реланоста е друга. Доколку не се помениме самите ние, почнувајќи од политичкиот врв па надолу, ништо нема да ни промени НАТО.“

„Македонија долго е заглавена во транзиција и во проблеми. Сиромашна земја, заостанува зад другите, а зошто?Имаме школувани, паметни луѓе, убави луѓе“…изјавија анкетираните граѓани.

 

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ

Две лица од Битола и Прилеп се уапсени поради предизвикување пожари

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ