Најмалку две лица загинаа во пожар што изби во хотел во главниот град на Аргентина, Бунос Аирес.
Според локалните медиуми, во пожарот загинала една полицајка, која учествувала во спасувачката мисија, а втората жртва е жена која претстојувала во хотелот.
Службата за вонредни ситуации соопшти дека 52 лица се превезени во болница по пожарот, додека медицинска помош на местото на инцидентот примиле 60 луѓе.
Огнот изби на петтиот од 28-катниот хотел.
Се уште не е позната причината за пожарот.