Турскиот второлигаш, Елазигспор го шокираше светот на фудбалот откако привлече вкупно 22 нови играчи. Сите овие трансфери се случија за едвај 2 часа.
Причината за многуте трансфери, како и рекордното време за нивно остварување, лежи во фактот што на тимот му беше забрането да привлекува нови играчи до последните два часа на трансфер пазарот во Турција.
За среќа, тие постапуваа брзо и по многу преговори со локалната федерација, што доведе до суспензија на казната, тие обезбедија трајно 12 играчи, а останатите 10 дојдоа во тимот на изнајмување.
– Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, кои помогнаа во овој потфат. Ние бевме во постојани преговори со Фудбалската федерација. Откако забраната беше симната, успеавме да ги завршиме трансферите во рок од 2 часа, даде свој коментар поранешниот претседател на Елазигспор, Селчук Озтурк.