ВМРО-ДПМНЕ: Хаваријата во РЕК Битола директно ќе ги чини граѓаните неверојатни 200 илјади евра

Од:

„Нестручноста, дилетантизмот, непотизмот и желбата за лично богатење на власта повторно ги чини граѓаните стотици илјади евра.

Повторно се случи хаварија во РЕК Битола, поточно во БЛОК-1 овој пат, заради дефект на цревниот систем. Повторно блокот е надвор од производна мрежа, и тоа за цели 10 дена.

Тоа значи ќе има зголемени трошоци, односно цената на произведен МWh што ќе доаѓа од РЕК Битола, ќе биде значително поголем
Залудни се напорите на раководството да се кријат зад паушални објави како во минатото. Хаваријата во РЕК Битола директно ќе ги чини граѓаните неверојатни 200 илјади евра.

Во РЕК Битола се води сериозна хајка против компетентни лица и голем дел од нив се прогласени за неподобни од раководството и се преместени на други работни места, а на нивно место се донесени париски послушници на СДСМ кои што не умеат да ракуваат со таков вид на опрема.

Време е ова расипништво со парите на граѓаните да престане. Време е за предвремени избори на кои што СДСМ ќе биде казнет за неспособноста, грабежот и криминалите сторени изминативе две години“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ДУИ и Артан Груби се криеја зад Албанците и СДС го делеше македонското општество за да крадат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС изгледа уште не им е јасно дека лагите и клеветите веќе не проаѓаат како до сега, правдата доаѓа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Венко Филипче излезе од егзил

ВМРО-ДПМНЕ: СДС за нивните седум години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи