Манчестер Јунајтед не се засили за време на зимскиот трансфер прозорец, но клубот веќе утврди какви ќе бидат нивните трансфер цели во текот на летото. До крајот на сезоната, гигантот од Англија ќе треба да одлучи кој ќе биде постојан менаџер на тимот и кој ќе биде назначен за спортски директор. Токму вториот треба да работи на летниот трансфер список.
Според „Индепендент“, приоритет на Јунајтед во лето ќе биде да привлече централен дефанзивец. На прво место е Калиду Кулибали од Наполи. Како алтернатива на Сенегалецот се дискутира за Милан Шкриниар од Интер, Алесио Ромањоли од Милан и Никола Миленковиќ од Фиорентина.
Покрај тоа, Манчестер Јунајтед планира да купи играч од средниот ред. Ова ќе биде неопходно, особено откако Маруан Фелаини се пресели во Кина. Еден млад играч од средниот ред ќе се обиде да го замени и 30-годишниот Немања Матиќ.