Екипата на Сан Антонио која има најдобар скор во НБА лигата (42-12) оствари тешка победа на гостувањето кај Кливленд. Во тимот се вратија повредените Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили.
Во драматична завршница најпрвин бекот на Кливленд Дион Веитерс погоди за предност на домашните од 95:93 на 9.9 секунди докрајот. Но, последниот напад Сан Антонио го заврши со „тројката“ на Кави Леонард на 2.9 секунди до звукот на сирената.
Постигнати резултати на ноќеска одиграните 12 натпревари: Орландо – Атланта 76:108, Кливленд – Сан Антонио 95:96, Индијана – Шарлот 101:77, Бостон – Чикаго 71:69, Бруклин – Денвер 119:108, Њујорк – Торонто 88:92, Детроит – Вашингтон 96:85, Милвоки – Филаделфија 94:92, Њу Орлеанс – Портланд 99:63, Минесота – Јута 93:97, Далас – Сакраменто 123:100 и Лос Анџелес Клиперс – Хјустон 106:96.
Вечерва на програмата се два натпревара: Оклахома Сити – Мајами и Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс.
Пласман Источна конференција: Мајами 35-14 (победи-порази), Њујорк 32-18, Индијана 32-21, Бруклин 31-22, Чикаго 30-22,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 42-12, Оклахома Сити 39-13, Л.А.Клиперс 38-17, Мемфис 33-18, Денвер 33-21,…