Македонската филхармонија го одбележува денот на вљубените

Од:

Македонската филхармонија, специјално за Денот на вљубените – 14 Февруари, вечер ќе одржи концерт на кој ќе изведе избор од песни и композиции, кои ја одбележаа музичката историја и станаа незаборавни романтични хитови за сите генерации.

Под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар, ќе прозвучат најубавите љубовни песни од Френк Синатра, Дин Мартин, Роксет, Битлси, Квин, како и џез и блуз композиции, кои ќе бидат изведени во оркестарска верзија.

Дел од композициите ќе прозвучат со вокалот на истакнатиот египетски џез и естраден музичар Ахмед Харфуш, кој активно настапува како солист и дел од неговиот џез бенд.

Концертот ќе се одржи во Салонот на Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска