Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.Појава на магла со видливост до 100 метри има кај Берово, а кај Маврово со видливост од 10 до 15 метри, информира ЈП „Македонија пат“.
По клисурите и усеците можна е зачестена појава на поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.