Европол разби мрежа на интернет измамници кои се претставувале како Европската агенција за борба против криминалот и национални полиции и на тој начин успеале да соберат милиони евра од лажни казни, јави БТА.
Групата дејствувала во 30 земји во изминатите две години. Таа ги парализирала комјутерите со вирус и оставала лажни соопштенија од организации како Европол и национални полиции, дека корисниците може да пристапат на компјутерот само доколку ги латат казните.
– Невозможно е да се утврди колку граѓани се измамени, но сметаме дека станува збор за стотици илјади граѓани. Ако претпоставиме дека просечната казна е 100 евра и дека три проценти ја платиле, тогаш штетата изнесува милиони евра, изјави директорот на Европол Роб Вејнрајт.
Лидер на бандата бил 27-годишен Русин, кој е уапсен во Обединетите Арапски Емирати во декември. Шпанската полиција уапсил 10 лица од групата минатата недела во одморалиштето Коста дел Сол. Меѓу нив имало шестмина Руси, двајца Украинци и двајца Грузијци.