Американската телевизија Си-Ен-Ен објави листа на најдобри релации во железничкиот сообраќај во Европа.
Според искуството на новинарот Џон Минихејн ова се најдобрите европски десетинации на кои можете да стигнете со воз.
Лондон – Авињон
Овој долг но прекрасен пат ве води во јужна Франција, каде некогаш беше седиштето на папската столица. Тоа е идеална летна десетинација, а возот од Лондон тргнува секоја сабота. По пат можете да ги видите прекрасните англиски предели, а потоа и прекрасните француски лозја и старите населби. Најдобро од се е што можете да се послужите со вино во ресторан купето.
Женева – Милано
Четири часовниот пат нуди спектакуларен поглед на Женевското Езеро, а потоа и на алпските предели натрупани со снег.
Le train Jaune, Пиринеи
Овој жолт воз најмногу наликува на играчка и е стар цел век. Турата „Le train Jaune“ води низ прекрасните предели на Пиринеите, а љубителите на скијање можат да ја искористат за заминување на некои од популарните зимовалиште. Во еден момент минува на 1.600 метри надморка височина преку висечки мостови, кои одамна се изградени во овие сурови предели.
Берлин – Москва
Оваа линија води низ полските градови Познан и Варшава, пред доаѓањето во Белорусија, а потоа и во Русија. Тоа што ова патување го прави посебно се зимските пејсажи, така што најдобро е за авантура да ги изберете студентите месеци во годината.
Циришкиот аеродром – Ароса
Оваа рута е најубав аеродромски трансфер во светот и води низ гратчето Хур, кој е вистински претставник на швајцарската култура. Патот до Хур води низ пејсажи, како од разгледница и има исклучително стрмни долини. Врв на патувањето е преминувањето преку Ленгвизер вијадуктот висок 60 метри, кој е вистински скапоцен камен на швајцарската архитектура.
Софија – Белград
Можете да преспиете патувајќи низ Балканот, но тогаш ќе ги пропуштите некои од најфасцинантните предели на Стариот континент. Со тргнувањето од Софија го почнувате осумчасовниот пат, кој ви нуди увид во турбулентното минато на Европа. Минувајќи низ бројни градби од комунистичката ера, величенствени православни цркви и земјиште, кое се обработува на традиционален начин.
Хелсинки – Санкт Петерсбург
Оваа рута некогаш траеше пет и пол часа, но со новите Алегро возови е скратена на два од 2010 година. Можете да јадете во пристојните вагони за ручање и тоа во стил на Џемс Бонд, имајќи предвид дека услугата е најдобрата, што ќе ја најдете на континентот.