Во Владата на Република Македонија денеска ќе бидат доделени договори за подгрантови за јакнење на невладините организации и асоцијации од туристичкиот сектор.
Настан се организира во рамки на Проектот за локална и регионална конкурантност, што се спроведува во заедничка соработка на Владата на Република Македонија, Делегацијата на Европска Унија и Канцеларијата на Светска Банка.
На свеченоста ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово Марко Мантованели, раководителот на економскиот оддел во Делегацијата на Европска Унија Фрејк Јанмат и директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак.