Амбасадата на Србија го одбележа Денот на државноста и Денот на војската на Србија

Од:

Амбасадата на Република Србија вечерва со свечен прием во Скопје го одбележа 15 Февруари – Денот на државноста на Република Србија и Денот на војската на Србија.

Во присуство на министри во Владата на Република Македонија, претставници на институции, здруженија, на Дипломатскиот кор и на воени аташеа во земјата на свеченоста се обрати вршителот на должност амбасадор на Србија, Душанка Дивјак Томиќ, која истакна дека Македонија и Србија имаат вистинска привилегија што меѓу нив постои искрено пријателство и блиски односи.

– Тоа го потврдува и интензивниот дијалог на највисоко политичко ниво, крунисан со неодамнешните посети на претседателот на Србија Томислав Николиќ и на премиерот Ивица Дачиќ. Тоа е логичен израз на нашите заемни интереси и потреба да продолжиме да ги градиме ионака развиените меѓусебни односи и соработка, бидејќи заеднички го делевме доброто и злото низ вековите, а денес сме на истиот европски пат со идентичен стремеж што поскоро да стигнеме до истата цел. Свесни дека тоа е можно само ако градиме стабилнин и просперитетни демократски држави и ако го чуваме мирот во нашето опкружување, што останува наш траен завет, рече Дивјак Томиќ.

Србија го одбележува 15 февруари како Ден на државноста од 2001 година, а во чест на истиот датум 1804 година кога во селото Орашац почна Првото српско востание против тогашното отоманско владеење предводено од Караѓорѓе Петровиќ. Со овој датум, кој се празнува и како голем христијански празник – Сретение Господово, симболично се поврзува државноста на Србија, како и создавањето на денешната Војска на Србија.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on