Лејкерси тргнуваат по Дејвис, но Бостон е фаворит

Од:

Од Л.А. Лејкерс планираат офанзива за Ентони Дејвис, но Њу Орлеанс Пеликанс воопшто не планираат да брзаат да се разделат со својата суперѕвезда, соопштуваат медиумите преку Океанот.

Крилото ги разбрани духовите вчера, откако стана јасно дека не планира да го обнови договорот, но тој сепак е врзан со „пеликаните“ до 2020-та, па од организацијата мирно можат да чекаат барем до летото.

– Ние ќе дејствуваме според нашите услови и имаме свој краен рок, споделија Пеликанс во специјално соопштение.

Според последните вести, Њу Орлеанс ќе го „трејдува“ Дејвис сега, само ако добие понуда, на која не може да и одолее. Сепак, „езерџиите“ тешко ќе можат да ги задоволат барањата на нивниот конкурент.

Се очекува тие да разговараат наскоро со цел да направат зделка до 7 февруари, кога НБА го затвора трансфер прозорецот. Брендон Инграм, Кајл Кузма, Лонзо Бол и други млади играчи ќе бидат понудени за 25-годишното крило, но тие веројатно нема да бидат доволни.

Аналитичарите веруваат дека од Њу Орлеанс ќе почекаат барем до летото, кога можат да добијат понуда од Бостон, кој сега нема право да игра за Дејвис, но од 1 јули ќе може да влезе во битката и се смета дека Селтикс имаат најмногу опции и потенцијал да се договорат со него.

Освен тоа „веѓата“ е многу близок со Каири Ирвинг и неговото евентуално привлекување ќе осигура дека и бекот ќе биде подготвен да го продолжи договорот со „детелините“ и двајцата со Дејвис да го претворат тима во конкурент за титулата.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on