Груби под Калето ја најави кандидатурата за градоначалник

Од:

Артан Груби на симболично место, од тревникот под скопското Кале, каде пред две години беше предводник на меѓуетничките тепачки, денеска ја потврди својата кандидатура за градоначалник на Скопје, од ДУИ, каде во моментот е шеф на кабинет на партискиот лидер Али Ахмети.

Груби, кој беше осуден на шест месеци условно за учество во инцидентот, денеска изјави дека настанот ќе го подобри меѓуетничкиот соживот, слично како и конфликтот од 2001 година. Тој својата необична изјава ја дообјасни со тоа дека токму поради нападот од пред две години, сега очекува гласови од сите граѓани, независно од етничката припадност.

Шефот на кабинет на Ахмети истакна дека е најскопско дете од сите кандидати за градоначалници на метрополата, затоа што потекнува од старо скопско семејство. Според Груби, доколку Јани Макрадули од СДСМ не излезе на локални избори, тоа е шанса за него да влезе во вториот круг.
Артан Груби е и прв човек на невладината организација „Разбуди се“.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје