Теодоракис: Владата не го претставува народот

Од:

Денешната влада, што се претвори во слеп орган на НАТО, не го претставува народот и затоа не распиша референдум, пишува познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, во неговата колумна во весникот „Та неа“ и упатува критики како до владата, така и до амбасадорот на САД во Грција, во врска со Договорот од Преспа и плановите на НАТО.

Теодоракис ги споменува 50-те години во Грција и тогашниот американски амбасадор во земјата, Џон Перифој, „кој наметна негов закон во формирањето на националниот живот“ и вели дека актуелниот амбасадор на САД во Грција, Џефри Пајат „се покажа дека е многу над неговиот претходник“

-Бидејќи успеа да создаде неред во една земја и да подели еден народ само за да може да го стави Скопје во НАТО! Ова, секако е само еден детаљ од големата мапа на целокупната стратегија на НАТО со познатите агресивни цели, но и главната цел во овој период -Русија. Особено поради специфичноста на турската политика, големата тежина на плановите на НАТО се префрлаат на нашата земја со безусловна согласност на грчката Влада и за трите земји на т.н. Западен Балкан, односно за Албанија, Косово и во Скопје, пишува Теодоракис.

Грчкиот композитор (94) вели дека го загрижува целото брзање грчката Влада да запре да се занимава со проблемот број еден-економијата и да се посвети на „скопското прашање“.

-По наредба на американскиот амбасадор во Грција, Скопје на било кој начин да се признае под име што го содржи зборот Македонија, со цел долгата рака на НАТО да го пренесе Скопје, со мат потег, на шаховската табла на агресивни подготовки и да го претвори во една дополнителна база на мрачните НАТО планови, пишува грчкиот композитор во неговата колумна за „Та неа“.

Теодоракис додава воените бази во Грција и на Балканот не им служат на интересите на народите, туку на странците и тоа треба да го имаат предвид оние кои на следните избори ќе се брат за власт.

Би можело да ве интересира

Исчезна 16-годишно девојче од Атина, последен пат е видена во неделата

Турист од САД е пронајден мртов на остров во близина на Крф, во Грција исчезнаа уште тројца туристи

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Грција: Четворица загинаа во автобуска несреќа, тројца се повредени

(ВИДЕО) Оружен инцидент во супермаркет во Грција, едно лице загина, а друго е повредено

Горан Наумовски

Поради високите температури на Грците им е забрането да работат надвор: Казни од 2.000 евра

Таравари: „Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската унија“