ДОМ: Да не дозволиме еколошки катастрофи како во Бразил, во рудници со отворен коп!

Од:

Изразувајќи длабоко жалење за жртвите од трагичната еколошка катастрофа во Бразил, ДОМ апелира до сите институции и до целата јавност во Македонија, да не се дозволат, како што велат „вакви ужаси да ни се случат во рудници со отворен коп! Нека биде бразилската катастрофа поука за сите „љубители“ на рудници со отворен коп! Ниедно злато, сребро, ни бакар, не се вредни за ова!“

„Целата светска јавност остана занемена од катастрофата во Бразил, настаната како последица на пукање на рудничка брана, полна со јаловина и токсичен отпад. Рудничка брана со јаловина се добива во рудници со отворен коп, каде во отворени базени се врши лужење или флотација на металични минерални суровини со различни опасни супстанци, за да може да се извлече металот. Во бразилскиот случај тоа е железо, а може да биде злато, сребро или бакар, како што планираат разни инвеститори на рудници во Македонија .

Знаејќи ја техничко-технолошката постапка при експлоатација и преработка на металични минерални суровини, го инициравме носењето на Законот за минерални суровини со забрана за нови рудници со отворен коп, кои употребуваат цијаниди и сулфурна киселина во процесите на лужење или флотација. Собранието го донесе законот и треба сите да сме свесни колку е тоа голема придобивка во толку кревката и нападната од сите страни, животна средина на Македонија“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!