Данските ракометари стигнаа до својата прва светка титулата совладувајќи ја Норвешка во големото финале со 31-22 (18-11).
Дамците натпреварот го добија уште во првиот дел, кој го добија со седум разлика (18-11), бодрени од околу 18 илјади дански фанови во салата. Кон предноста придонесе и голманот на Данска, Никлас Ланин со седум одбрани.
Во второто полувреме Данска ја зголеми предноста, а Норвежаните доживеаја вистински потоп.
Кај Данците најефикасни беа Микел Хансен со 7 голови и Нортен Олсен со 5, додека во тимот на Норвешка најефикасен беше Магнус Јондал со 8 голови и Сандер Сагосен со 3.
Претходно во натпреварот за трето место, Франција ја совлада Германија со 26:25.