Кошаркарите на Голден стејт ги претставија новите дресови со ракави на Адидас, кои не наидоа на позитивни критики од јавноста.
Гигантот за спортска опрема преку Вориорси се обидува да ја внесе новината во НБА и се надева дека следната сезона повеќе тимови ќе почнат да ги носат нивните маички со ракави.
Инаку ова е прв пат во 67-годишната историја на НБА еден тим да носи маички со ракави. Од практична страна, дресовите со ракави се за 26 проценти полесни од старите.
Вориорси веќе одиграа еден меч со овие дресови против Сан Антонио, а преостанатите два предвидени ќе ги одиграат следниот месец против Чикаго и Хјустон.